Top Sport

Лилард: Леброн е МВП на сезоната

Најдобриот кошаркар на Портланд Трејлблејзерс Демијан Лилард смета дека МВП на градата за регуларниот дел на сезоната треба да му припадне на Леброн Џејмс.

„Мислам дека никој нема да се бунтува доколку го изберат Јанис или Леброн. Мое лично мислење е дека МВП на сезоната е Леброн. Лејкерси се први на Западот, константни се цела сезона. Ако ги земете во предвид неговите години, низ што се минало неговото тело, тоа само зборува за него и колкав е притисокот врз него во секоја ситуација, а од друга страна кога ќе видите на какво ниво игра…Сметам дека тој е МВП“, вели Лилард.

Џејмс сезоната има просек од 25,7 поени, 7,9 скока и 10,6 асистенции по натпревар, а Лејкерси се лидери на Западот со 49 победи и 14 порази.

Scroll to Top