Top Sport

„Сане не е играч за Баерн“

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен Вили Сањол смета дека Лирој Сане не им е потребен на Баварците.

Баерн цела година се обидуваат да го донесат Сане во Минхен, наводно двете страни ги договориле условите според кои фудбалерот би потпишал пет годишен договор, но засега нема договор помеѓу клубовите.

„Сане има проблематичен карактер. Нема константа во формата. Мислам дека не му е потребен на Баерн. Имаше многу проблеми во Манчестер сити и во репрезентацијата. Згора на тоа зборуваме за трансфер од 80 милиони евра. Милсм дека на Баерн ќе им биде подобро да додадат уште 20 милиони и да го купат Каи Хаверц“, рекол Сањол.

Вили Сањол девет сезони играше во Баерн, со Баварците освои пет трофеи во Бундеслигата и еден во Лигата на шампионите.

Scroll to Top