Top Sport

Лима: Господ го натера Дончиќ да игра кошарка

Аугусто Цезар Лима, кошаркарот на Реал Мадрид, кој настапува како позајмен играч во турскиот Бешикташ во интервју за шпанскиот весник „Марка“ зборуваше за тоа како се навикнува на играњето во турското првенство, но и за неизбежниот вундеркинд Лука Дончиќ.

„Секогаш е тешко да се смени првенството, но морам да бидам подобар како играч и не сакав да се вратам во Шпанија засега. Турската лига е многу, многу тешка. Секогаш сум велел дека сонот ми е да победувам со Мадрид, но ќе видиме што ќе се случи“, вели Лима.

Тој исто така се осврна и на Лука Дончиќ, младиот Словенец од кого се очекува да направи блескава кариера во НБА.

„Тој е благословен човек, магионичар. Господ го натера да игра кошарка за луѓето да уживаат“, вели Лима.

Дончиќ ќе биде втор пик на драфтот

Scroll to Top