Top Sport

Лојд и повредата на Роберсон ја однесоа Полска во четвртфиналето

Кошаркарите на Полска ја победија Босна и Херцеговина со резултат од 80:72 во осминафиналето на Евробаскетот.

Избраниците на Игор Миличиќ ќе играат во четвртфиналето против Турција, која во саботата беше подобра од Шведска.

Најефикасен играч во победничкиот тим беше неверојатниот Џордан Лојд со 28 поени, по него Понитка со 19 и Соколовски со 10.

За Босна и Херцеговина, Нуркиќ се истакна со 20 поени и седум скока, а Роберсон имаше 19 пред повредата. Двајцата беа единствените што постигнаа двоцифрен број поени за „Змејовите“.

Босна и Херцеговина влезе многу добро во натпреварот, пред сè благодарение на Нуркиќ, кој ги уништи ривалите во рекетот.

Кога му се приклучи Роберсон „Змејовите“ имаа двоцифрена предност. Проблем за Полјаците беше што Лојд и Понитка, не го отворија добро натпреварот.

Сепак, како што двајцата почнаа да се будат, Полјаците ја стопија предноста, но секогаш кога се приближуваа, Роберсон го одбиваше налетот. Повторно, Полска беше во налет во третиот дел, но се чинеше дека Босна, преку Нуркиќ, повторно успеа да се одвои.

Сепак, Понитка влезе во серијата и, со помош на Балцеровски, режираше пресврт на влезот во последните десет минути.

Таму, тимовите се менуваа во водството, сè додека Лојд не ги зеде работите во свои раце и, со помош на своите соиграчи, не ги одлепи Полјаците. Повредата на Роберсон ги уништи надежите на Босна и Херцеговина, кој го напушти теренот на шест минути до крајот. Без него „Змејовите“ немаа решенија во нападот и на крајот не можеа да ја оспорат победата на Полска.

Foto/ EPA

Scroll to Top