Top Sport

Лони Вокер во Бешикташ

Американскиот кошаркар Лони Вокер се враќа во елитното европско натпреварување откако беше отпуштен од Денвер Нагетс. Грчкиот новинар Сотирис Велакис објави дека новиот клуб за Вокер ќе биде Бешикташ.

Вокер го привлече интересот на Денвер Нагетс во текот на летото. Во септември, овој 27-годишен бек потпиша таканаречен „двонасочен“ договор со франшизата од Колорадо, но неодамна неговиот договор беше раскинат.

Во тој момент стана јасно дека Вокер ќе се врати во Европа, каде во изминатиот период го привлече вниманието кон себе како играч на Жалгирис и Макаби од Тел Авив.

Во Беикташ, Лони Вокер првенствено да дели минути со Ентони Браун, Џејлен Новел и Скоти Вилбекин во надворешната линија, а тука е и искусниот турски репрезентативец Фуркан Коркмаз.

На почетокот од сезоната, Бешикташ забележа две победи и три порази во Евролигата.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');