Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа 11 натпревари, а вечерта ја обележа Лонзо Бол од ЛА Лејкерс кој стана најмладиот играч во историјата на лигата кој остварил трипл-дабл.
Плејмејкерот на Лејкерс со 20 години и 15 дена за само пет дена го надмина рекордот на Леброн Џејмс. Во поразот од Милвоки Бакс, Бол имаше учинок од 19 поени, 13 скока, 12 асистенции.
Сепак овој него учинок не беше доволен да се поббеди Јанис Адетокумбо кој забележа 33 поени и 15 скока.
Позитивната низа ја продолжија и играчите на Хјустон Рокитс, кои предводени од Џејмс Харден славее против Мемфис 111:96. Џејмс Харден на третиот натпревар постигна преку 30 поени. „Брадата“ мечот го заврши со 38 поени и 8 асистенции.
Њу Орлеанс предводен од своите центри славеше во дуелот со ЛА Клиперс 111:103. Демаркус Казинс заврши со 35 поени и 15 скока, а Ентони Дејвис со 25 поени и 10 скока. Клипрс ја продолија лошата серија, тие немаат победа на посчедните пет натпревари.
НБА , резултати:
Вашингтон Визардс-Атланта Хокс 113:94
Хјустон Рокетс-Мемфис Гризлис 111:96
Њу Орлеанс Пеликанс-ЛА Клиперс 111:103
Њујорк Никс-Сакраменто Кингс 118:91
Далас Маверикс-Кливленд Кавалирс 104:111
Милвоки Бакс-ЛА Лејкерс 98:90
Денвер Нагетс-Орландо Меџик 125:107
Феникс Санс-Минесота Тимбервулфс 118:100
ЈУта Џез-Бруклин Нетс 114.106
Сан Антонио Спарс-Чикаго Булс 133:94
Голден Стејт Вориорс-Филаделфија 76 135:114