Лос Анџелес Лејкерс со триумф над Голден Стејт Вориорс (123:101) ја отворија претсезоната. Најдобар на мечот беше Ентони Дејвис кој летово пристигна во Лејкерс.
„Веѓата“ Дејвис блескаше со 22 поени и 10 скока (9/16 од поле), двоен ефект (10 поени, 13 скока) имаше и Џавал Мекги, а Леброн Џејмс запиша 15 поени и 8 асистенции.
Кај вице-прваците во лигата најефикасен со 18 поени беше Стеф Кари, додека потфрли целосно засилувањето Дианџело Расел кој постигна само четири поени.