Top Sport

Лошата серија на Далас заврши во Атланта

Далас Маверикс, во Атланта, ја прекинаа серијата од шест порази. Маверикс, изминатата ноќ, забележаа победа над Атланта Хокс 122:116. Франшизата од Тексас сега има скор од девет победи и 13 порази во лигата.

Лука Дончиќ, одигра на нивото на својот просек од почетокот на сезоната. Словенецот натпреварот го заврши со 27 поени, осум скока и 14 асистенции. За разлика од претходните мечеви, против Атланта, Дончиќ имаше помош од соиграчите: Кристапс Прозингис забележа 24 поени и 11 скокови, а Тим Хардавеј јуниор уфрли 22 коша.

Најефикасен на натпреварот беше Џон Колинс од Атланта со 35 поени, по 21 поен за Хокс постигнаа Тре Јанг и Кевин Уертер.

Резултати:

Шарлот-Филаделфија 111:118
Милвоки-Индијана 130:110
Атланта-Далас 116:122
Чикаго-Њујорк 103:107
Кливленд-ЛА Клиперс 99:121
Мајами-Вашингтон 100:103
Оклахома-Хјустон 104:87
Сан Антонио-Минесота 111:108
Њу Орлеанс-Феникс 123:101
Сакраменто-Бостон 116:111

Scroll to Top