Top Sport

Лоши вести за Денвер пред мајсторката во Окалхома

Кошаркарот на Денвер, Арон Гордон, нема да може да игра во седмиот натпревар против Оклахома.

Гордон ја повреди „задњата ложа“ во шестиот натпревар, имаше информации дека може да игра, но од од Денвер потврдија дека нема да настапи против Оклахома, а веројатно е сезоната за него завршена.

„Ќе му бидат потребни неколку недели за да се опорави“, пренесува „EСПН“.

Ова се навистина лоши вести за Нагетс, со оглед на квалитетот и игрите што Гордон ги покажуваше во последно време. Токму Гордон со тројка на девет секунди до крајот го реши победникот во првиот меч против Оклахома.

Во текот на тековната сезона, тој имаше просек од 14,7 поени, 4,8 скока и 3,2 асистенции.

Мајсторката за пласман во финалето на Западот на програмата е вечерва од 21.30 часот во Оклахома.

Scroll to Top