Top Sport

Ловерњ ќе го напушти Фенербахче

Жофри Ловерњ ќе го напушти Фенербахче, иако има договор со клубот и за наредната сезона. Францускиот центар игра под сите очекувања откако лани се врати во Европа од НБА лигата.

Ловерњ пред неколку месеци се поврзуваше со трансфер во Партизан, клуб во кој целосно се афирмираше на кошаркарската сцена.

Тогаш и клубот и кошаркарот ги потврдија контактите.

Сега за Ловерњ се заинтересирани двата најголеми грчки клуба Олимпијакос и Панатинаикос.

Сезонава во Евролигата Ловерњ имаше просек од 6,3 поени и 2,7 скока по натпревар.

Scroll to Top