Top Sport

Лучиќ во Баерн до 2025 година

Српскиот репрезентативец, Владимир Лучиќ го продолжи договорот со Баерн Минхен. Луќиќ за Баерн ќе игра најмалку до 2025 година.

Лучиќ е играч на Баерн од 2016 година. Во Минхен пристигна од Валенсија, претходно играше во Партизан.

Минатата сезона беше избран во идеалната петорка во Евролигата.

Во тековната сезона во Евролигата, Лучиќ има просек од 13 поени, 4,4 скока и 1,3 асистенции по натпревар.

 

Scroll to Top