Top Sport

Луд пресврт на Фуенлабрада во Бамберг (Видео)

Кошаркарите на Фуенлабрада со неверојатен пресврт во дуелот со Бамберг, забележаа победа во првото коло во Лигата на шампионите на ФИБА. Шпанскиот претставник на 48 секунди до крајот на мечот имал негатива од осум поени, но со сњерија од 15 поени на крајот победи во Германија. Неверојатната серија играчите на Фунлабрада ја завршија со тројка во последната секунда.

Серијата ја започна Јан Олири на 47 секунди до крајот кога погоди тројка за 82:77. Потоа Тајрис Рајс погоди едно слободно фрлање, а во наредниот напад Томас Бејлас постигна кош и го реализира дополнителното слободно фрлање.

На 32 секунди до крајот резултатот бил 83:80.

Рајс постигна поени од линијата за слободни (85:80), а по неколку секунди возвратил Кристијан Ејенга со тројка (85:83). Следуваше пенал завршница, која за зачини Френсис Крус со спектакуларна тројка за конечни 88:89.

Scroll to Top