Top Sport

Ловрен: Лига на Нации е натпреварување без врска

Хрватскиот репрезентативец, Дејан Ловрен, упати низа критики до УЕФА, во врска со новото репрезентативно натпреварување, Лига на Нации.

Неодамна тренерот на Ловрен, Јирген Клоп, изјави дека Лигата на Нации е натпреварување што нема врска во фудбалскиот свет. Ловрен ја поддржа оваа изјава на својот тренер.

„Се согласувам со Клоп, ова натпреварување е смешно. Нема резон да се играат овие натпревари. Не е ова некои натпреварување во кое мораш да победиш. Квалификациите започнуваат во март наредната година и поради тоа ова се натпревари кои секој може да ги нарече онака како што него му одговара. Па ова се пријателски натпревари“, рекол Ловрен.

Можеби ваквата изјава на Ловрен се должи на дебаклот што Хрватска го доживеа минатиот месец во Шпанија (6:0), а сега на Ловрен и неговите соиграчи им следува уште еден тежок меч против Англија.

Scroll to Top