Top Sport

Лука Дончиќ ќе го плати погребот на жртвите од масакрот во Белград

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе го плати погребот на децата убиени во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

„Поради трагедијата и изгубените невини животи на децата, моето срце е скршено! Моите мисли се со семејствата на жртвите и со целата нација. Мојата фондација, по повод овој тежок и немил настан, дава поддршка на сите семејства , ученици и наставници од основното училиште Владислав Рибникар“, објави Дончиќ.

„Белграде, поддршка, јас сум со вас. Преку фондацијата барам начин да им помогнам на учениците и семејствата погодени од пукањето во ОУ Владислав Рибникар на краток и долг рок. Јас сум посветен и ќе продолжам да споделете вести и начини за поддршка кога деталите стануваат достапни“.

Таткото на Лука, Саша, по потекло е од Србија, а Лука има роднини кај нашиот северен сосед.

Во средата наутро, 13-годишник уби осум деца и чувар во училиштето на Врачар во Белград.

Scroll to Top