Официјално, српскиот кошаркарски тренер Зоран Лукиќ е новиот селектор на кошаркарската селекција на Русија. Тој во своето прво обраќање изјави:
„Имавме продуктивна конверзација и веднаш почувствував големо интересирање. Оваа седмица им ја претставив својата филозофија, моето мислење“ рече Лукиќ.
Тој долги години со успех работи во Русија.
„Во Нижни Новгород традиционално се обидувам да направам баланс меѓу остварувањето спортски резултати и можноста за младите играчи. Често тренерите се во средина. Голема е честа да се води селекцијата, но јас ќе прифатев само две понуди – Русија или Србија!“ рече Лукиќ.
Тој првпат ќе ги собере кошаркарите на средината на ноември, а на 26. и 29. идниот месец Русија ја очекуваат мечеви против Италија и Исланд во рамки на квалификациите за Мундобаскетот 2023.
Зоран Лукич назначен на пост главного тренера сборной России по баскетболу ?
Сербский наставник — идеальный рулевой в сложившихся обстоятельствах: https://t.co/MM9WG94MmH pic.twitter.com/XC5jlLcNV2
— Чемпионат (@championat) October 22, 2021