Денис Шрудер е најголемиот лузер, во летниот преоден рок во НБА лигата. 27-годишникот ги напушти ЛА Лејкерс и се пресели во другиот великан Бостон Селтикс. Со Бостон тој потпиша едногодишен договор.
Платата која ќе ја добие во Бостон го прави најголем лузер во моментов, во НБА лигата.
За што станува збор?
Шрудер, во јануари, одби да потпише четири годишен договор со ЛА Лејкерс за 84 милиони долари (21 милиони долари по сезона). Германецот, сметаше дека како слободен играч ќе добие поголем договор.
Сепак, за него речиси и да нема интерес во НБА, или нема интерес за некој да му го понуди она што пред осум месеци му го нудеа Лејкерси.
На крајот ја прифати понудата од Бостон. За една година, Селтикс ќе му исплатат 5,9 милиони долари.