Поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Србија Милан Мачван (31), во понеделникот, објави крај на кариерата. Во своето обраќање рекол дека сака да остане во кошарката, но не како тренер.
Професионалната кариера Мачван ја започна пред 13 години во ФМП Железник, потоа играл за Хемофарм, Партизан во два мандати, Макаби, Олимпија Милано, Галатасарај и Баерн. Последните натпревари во кариерата ги одигра во Јапонија, во Алварк Токио.
Со Партизан го освоил првенството и Купот на Србија, а бил и шампион на Турција, Израел и Германија.
Беше капитен на јуниорската репрезентација на Србија која во 2007 година стана светски првак,додека со сениорскиот тим има сребро од Олимписките игри во 2016 година и медали со ист сјај од Европските првенства во 2009 и 2017 година.