Top Sport

Магдевски се врати во МЗТ

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски (26 год, 192 см) повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје, откако денеска потпиша двегодишен договор.

Магдевски минатата сезона ја мина во Романија, претходни три години беше дел од МЗТ. Во претходниот мандат освои две шампионски титули (2019 и 2021), а беше избран и за МВП на финалната серија во сезоната 2020/21. Претходно, тој мина низ младинските категории на Реал Мадрид, беше дел од кампот на Мајкл Џордан, а настапуваше и за Партизан.

Магдевски е деветтиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.

Извор/ mztskopjeaerodrom.mk

Scroll to Top