Top Sport

Магична ноќ на Стеф Кари, 51 поен за три четвртини (Видео)

Стеф Кари е играч на вечерта во НБА лигата. Плејмејкерот на Голден стејт Вориорс, во победата на својот тим 144:122, постигна 51 поен, за само 32 минути колку што играше.

Кари шести пат во кариерата постигнал 50 или повеќе поени, односно пва ми беше 31.натпревар во НБА лигата на кој што реализирал 40+ кошеви.Блескавата вечер тој ја најави во првата четвртина кога постигна половина од поените на Голден стејт. Четвртината заврши со 46:27.

Еден од најдобрите шутери во историјата на лигата, постигна 11 тројки од 16 обиди, а вкупниот шут му беше 15/24.

Покрај Кари одличен натпревар одигра и Кевин Дурент кој забележа 30 поени (13/18 од игра), осум скока и седум асистенции.

Вашингтон го забележа третиот пораз во четвртиот меч сезонава. Најефикасен во тимот беше Бредли Бил со 23 поени.

Scroll to Top