Top Sport

Магија на Ван Влит против Орландо Меџик

Бекот на Торонто Репторс, Фред Ван Влит, против Орландо Меџик го одигра најдобриот меч во кариерата. Ван Влит, во победата на Торонто 123:108, постави два нови рекорди.

Ван Влит натпреварот го заврши со 54 поени, што е нов рекорд на франшизата. Исто така тој сега е кошаркар што постигнал најмногу поени на НБА натпревар, а да не бил драфтуван. Претходниот рекорд од 53 поени му припаѓаше на легендарниот Мозес Мелоун.

Ван Влит, против Орландо Меџик, постигна 11 тројки од 14 обиди, погоди девет слободни фрлања, а за два поени реализираше шест од деветте обиди.

Scroll to Top