Кошаркарите на Мајами Хит забележаа лесна победа над Денвер Нагетс 125:105. Ова беше прв натпревар за двата тима откако во четвртото беше ре-стартирана сезоната во НБА лигата.
Мајами натпреварот во Орландо го решија во третата четвртина, во која стекнаа двоцифрена предност. Денвер беа значително ослабени, бидејќи натпреварот го одиграа практично без вистински бекови. Тројцата бекови од стартната постава се повредени.
Адебајо и Батлер го предводеа Мајами со по 22 поени, 20 поени постигна Олиник. Во редовите на Денвер по 19 кошеви постигнаа Јокиќ и Грент. Српскиот центар имаше и седум скока и шест асистенции.