Top Sport

Мајами Хит „лови“ пикови за да тргне по Дурeнт или Мичел

Во текот на летото, на НБА „пазарот“ станаа достапни oл-стар играчите Кевин Дурент кој сака да го напушти Бруклин и Донован Мичел со кого Јута сака да го размени. Има многу заинтересирани, а според американските медиуми, една од екипите која активно работи на нивното доведување е финалистот на плејофот од Источната конференција, Мајами Хит.

За секој од двајцата расни стрелци ќе биде потребен богат „пакет“ кој ќе треба да содржи млади играчи, пикови од првата рунда во неколку драфтови, но и кошаркари кои можат веднаш да помогнат.

Мајами во моментов може да ги менува своите два избора од првиот круг во наредните сезони, но според сите сметки, тоа нема да биде ни приближно доволно за Мичел. Менаџерот на Лејк Сити, Дени Eјнџ, неодамна замени четири пикови од првото коло и првиот избор од 2022 година, Вокер Кеслер од Минесота  за центарот Руди Гобер.

Мајами е подготвен да се откаже од Тајлер Хиро и од Данкан Робинсон, а според сите информации, Бем Адебајо сигурно ќе остане на Флорида.

Дурент изјави дека сака да игра за „Хит“, но во моментов не изгледа особено веројатно дека Мајами ќе може да состави доволно добра понуда. Сепак, искусниот  Пет Рајли не треба никогаш да се отпише.

Scroll to Top