Top Sport

Ѕвезда на НАСКАР смртно избодена на бензинска пумпа

Ѕвездата на НАСКАР и трикратен американски шампион во автомобилизам, Боби Ист почина на 38-годишна возраст. Американските медиуми јавуваат дека 27-годишен човек го избодел Ист  додека полнел гориво. Засега нема информации зошто се скарале убиецот и познатиот НАСКАР возач.

„Полицајците се обидувале да го спасат додека не дошле медицинските служби кои го пренеле во локалната болница каде што починал“ – пишуваат медиумите.

Напаѓачот првично и побегнал на полицијата, но потоа бил лоцирaн и убиен во престрелка.

Боби Ист беше син на познатиот Боб Ист, член на Американската автомобилистичка куќа на славните.

Покрај тоа што беше трикратен шампион на САД, тој ја освои и Сребрената круна на првенствата во 2012 и 2013 година.

Scroll to Top