Top Sport

Мајами и Далас ги испратија во пензија Вејд и Новицки (Видео)

Измината ноќ во НБА лигата мина во знакот на Двејн Вејд и Дирк Новицки, кои ги одиграа последните натпревари во своите кариери пред своите навивачи во Мајами, односно Далас. Херој на вечерта е 39 годишниот Џамал Крафорд кој постигна 51 поен.

Вејд и Новицки за своите тимови постигнаа по 30 поени, со што потсетија на своите најдобри денови.

Пред почетокот на натпреварот Мајами Хит-Филалделфија беше пуштено видео во чест на Вејд и неговата 16-годишна НБА кариера, популарниот Флеш и одржа говор, а потоа во победата 122:99 постигна 30 поени.

Некаде во исто време, Далас се прости од Дирк Новицки, човекот што на Маверикс во 2011 година им ја донесе единствената титула. Далас Маверикс ги победија Финикс Санс со 120:109, а во текот на целиот меч беа емитувани видео-снимки од кариерата на Новицки.

Диркенштајн шутираше во секој од првите пет напади и ги погоди сите шутеви. Мечот го заврши со 30 поени, осум скока.

Неговиот наследник во Маверикс, Лука Дончиќ, го забележа осмиот трипл-дабл во сезоната (21 поен, 16 скока, 11 асистенции).

Сепак шоуто го украде Џамал Крафорд кој го сруши рекордот на Мајкл Џордан. На возраст од 39 години и 20 дена, Крафорд постигна 51 поен. Крафорд сега е највозрасниот играч што успеал да постигне најмалку 50 поени на НБА натпревар.

Scroll to Top