Top Sport

Меџик Џонсон замина од ЛА Лејкерс

Ирвин Меџик Џонсон повлече не е претседател на кошаркарските операции во НБА франшизата, ЛА Лејкерс. Меџик ја напушти функцијата по една неуспешна сезона, а јавноста го осуди начинот на кој што замина од клубот.

Легендарниот кошаркар одлуката на соопштил на прес конференција воочи последниот натпревар на ЛА Лејкерс оваа сезона. Лејкерси шеста година по ред го пропуштаат плејофот.

Меџик рекол дека немал храброст да се соочи со сопственичката Џени Бас дека заминува од клубот.

„Ми беше многу подобро кога бев постариот брат или амбасадор на франшизата“, рекол Меџик.

Најпознатиот кошаркарски новинар во САД, Адријан Војнаровски, упатил критики за работата на Меџик.

„Од моментот кога ја презеде функцијата Меџик Џонсон никогаш не и се посвети на вистински начин. Често патуваше одвоено од тимот. Во канцеларијата не минуваше доволно време. Речиси и да не скаутираше играчи. За да водите НБА тим треба да бидете посветени, како со времето, така и со енергијата“, напишал Војнаровски.

Scroll to Top