Мајами го израмни резултатот во серијата против Филалделфија на 1-1, додека Голден Стејт против Сан Антонио води со 2-0.
Мајами доживеа дебакл во првиот натпревар од плејоф серијата со Филалдлефија, а изминатата ноќ успеа да направи брејк. Кошаркарите од Мајами победија со 113:103.
Почетокот на втората четвртина и серијата на Мајами од 18:2го одреди понатамошниот тек од нарпреварот, во кој најистакнат беше ветеранот Двејн Вејд со 28 поени и седум скока. Горан Драгиќ и Џејмс Џонсон постигнаа 20, односно 18 поени.
Вејд по овој меч се искачи на десеттото место на листата на најдобри стрелци во плејофот.
Филаделфија ја предводеше Бен Симонс со 24 поени, девет скока и осум асистенции, а Дари Шариќ заврши на 23 поени, девет скока и три асистенции.
Голден Стејт без поголеми проблеми го доби и вториот меч против Сан Антонио. Актуелните шампиони го надиграа противникот во второто полувреме што им беше доволнода запишат победа 116:101.
Кевин Дурент постигна 32, а Клеј Томпсон 31 поен. Сан Антонио го преводеше Ламаркус Олдриџ со 34 поени и 12 скока.