Top Sport

Мајк Браун едногласно избран за најдобар тренер

Тренерот на Сакраменто Кингс, Мајк Браун е избран за најдобар тренер оваа сезона во НБА.

Како што објавија медиумите од САД, Браун стана првиот стратег во историјата на лигата кој едногласно е избран за најдобар тренер.

Браун оваа сезона навистина прави чуда со тимот на Сакраменто.

„Кралевите“ се пласираа во плеј-офот за прв пат по 2006 година, каде во моментов водат со 2:0 во дуелот против Голден Стејт.

Претходно, Браун, ја доби наградата за најдобра тренер во лигата и од Асоцијацијата на тренерите во НБА.

Ова е втор пат Браун да биде избран за најдобар тренер во НБА, првпат тоа се случи во 2009 година кога ги предводеше Кливленд Кавалирс.

 

Scroll to Top