Поранешниот центар на „црвено-белите“ и репрезентативец на Германија, Мајк Цирбес, се врати во Црвена ѕвезда. Тој со белградскиот тим потпишал едно годишен договор.
Германецот, во првиот мандат мина две сезони во Црвена ѕвезда и во тој период освои пет трофеи, играше во четврт-финалето во Евролигата и се етаблираше како еден од најдобрите центри во Европа.
По заминувањето од Црвена ѕвезда, Цирбес, една сезона мина во Макаби од Тел Авив, додека минатата сезона го носеше дресот на Баерн Минхен.