Top Sport

Мајк Дантони доаѓа во Бруклин Нетс

Мајк Дантони ќе му биде еден од помошниците на Стив Неш во Бруклин Нетс. Дресот на оваа франшиза го носат има големите ѕвезди Кевин Дурент и Кајри Ирвинг.

Дантони, неодамна се раздели со Хјустн Рокетс, се поврзуваше со тренерската функција во Филаделфија Севентисиксерс, сепак таму не ја доби работата. Севентисиксерси за тренер го одбраа Док Риверс.

НБА-инсајдерот, Адријан Војнаровски, објави дека покрај Дантони, помошник на Неш ќе му биде и Име Удок.

Мајк Дантони му беше тренер на Стив Неш во Финикс Санс, кога оваа франшиза ја играше најбрзата кошарка во НБА.

Ќе биде интересно да се види како ќе делуваат Дурент и Ирвинг под водство на Неш и Дантони.

Scroll to Top