Top Sport

Зидан за Бензема и Винисуис: Тоа е нормално во фудбалот, но обично не го слушате

Tренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан инсистира дека не постои проблем помеѓу Карим Бензема и Винисиус Жуниор по интересната видео-снимка на која Бензема бараше од Ферлан Менди да не му подава на Бразилецот, оценувајќи дека тоа е нормално во фудбалот, но обично не го слушаме.

На полувреме од мечот од ЛШ на гости кај Борусија Менхенгладбах во вторникот, Бензема беше „фатен“ во ходникот со разговор со Менди, и потоа во остатокот на мечот немаше ниту едно подавање до Винисиус. Зидан вели дека нема проблем.

„Нема проблеми меѓу Бензема и Винисиус. Двајцата зборуваа меѓу себе, а работите остануваат на фудбалскиот терен.  Воошто нема проблем, и најважно е да се фокусираат на утрешниот натпревар. Таквите работи секогаш се случуваат, но остануваат на теренот. Единствено сега што е сменето е што има многу камери“, вели Зидан.

Што ќе прави Зидан со „бунтувачите“ – По Иско, сега и Бензема и Винисуис се проблем?

Scroll to Top