Top Sport

Мајк Џејмс го продолжи договорот со Монако

Најдобриот стрелец во историјата на Евролигата потпиша нов, тригодишен договор со Монако. Финансиските услови не се соопштени, се шпекулира дека годишно ќе заработува три милиони евра.

Мајк Џејмс можеше да бира каде ќе ја продолжи кариерата откако му истече договорот со Монако. Медиумите го поврзуваа со Фенербахче и Олимпијакос, се шепкулираше дека заинтересиран е и Партизан, на крајот Монако експресно реагираше ги прифати неговите услови.

Џејмс е актуелниот МВП во сезоната, вомкоја Монако не успеа да се пласира на завршниот турни.

Американскиот кошаркар, роден 1990 година, европската кариерата ја започна во Загреб, а потоа настапуваше за Хапоел Галил, Пафони, Колосос Родос, од каде што замина во Басконија, а од Шпанија се пресели во Панатинаикос. Потоа се испроба во НБА, каде играше за Феникс Санс и Њу Орлеанс Пеликанс.

По враќањето во Европа повторно беше член на Панатинаикос, потоа на Олимпија Милано, ЦСКА Москва. Следуваше уште еден ангажман во НБА, во Бруклин, пред да се врати на Стариот континент. Од 2021 година е член на Монако.

Scroll to Top