Кошаркарот на московска ЦСКА, Мајк Џејмс е најкорисниот играч на 8. коло во Евролигата.
Плејмејкерот на „армејците“ одигра уште еден одличен меч во победата на руската екипа против Фенербахче.
Џејмс мечот го заврши со 31 поен, 4 скока, 2 асистенции, 1 украдена топка и 7 изнудени фаули.
Џејмс имаше 38 индексни поени. Сепак тоа не беше најголемиот учинок во ова коло.
Јанис Папапетру од Панатинаикос, во поразот на неговата екипа од Алба Берлин постигна 39 поени и имаше 41 индексен поен.