Top Sport

Тиаго Силва за Меси: Сака да го контролира мечот и да влијае врз судиите!

Во вчерашниот пријателски меч меѓу лутите ривали Бразил и Аргентина славеа „гаучосите“, но се уште не стивнува ехото од актерите на мечот кои има обвинување едни кон други.

Дефанзивецот на француски ПСЖ и на селекцијата на Бразил, Тиаго Силва го обвини Лео Меси дека влијание на одлуките на судиите и сака да го конролира натпреварот.

„Меси сакаше да го диктира натпреварот. Направи два лоши фаули, се расправаше со судијата. Тој, пак, ништо не направи, не му даде картон. Судиите треба да го тргнат на страна восхитот за играчот за време на натпреварот. Секогаш се обидува да ги натера судиите да му дадат слободен удар во опасната зона, секогаш така се однесува. Зборувавме со играчи кои играат во Шпанија и секогаш истото се случува, сака да го контролира натпреварот и да влијае врз судијата. Во ЛШ ја нема таа предност затоа што судиите се построги“ – рече Силва.

Scroll to Top