Top Sport

Мајк Џејмс ќе се врати во Панатинаикос

Американскиот бек Мајк Џејмс е блиску до враќање во екипата на Панатинаикос. Џејмс минатата сезона со ПАО успеа да ја освои двојната круна во кошаркарскиот шампионат на Грција.

„Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ пишува дека Џејмс наскоро ќе ги заврши сите формалности околу враќањето во редовите на „зелените“ од Атина.

Џејмс сезоната ја започна во редовите на Феникс Санс. Тој имаше потпишано ткн. „„двонасочен договор“ и во декември стана првиот играч на кого овој договор му беше преточен во стален.

Сепак раководството на Феникс по само две недели реши да му врачи отказ.

Истиот извор наведува и дека контакти со Џејмс имала и Барселона. Сепак правата врз Џејмс ги поседува Басконија, а Барселона не сакала да го плати обесштетувањето.

Scroll to Top