Top Sport

Борис Бекер е фан на Ник Кирјос

Прославениот германски тенисер Борис Бекер истакнал дека е голе навивач на Ник Кирјос и дека очекува Австралиецот да оставри добар резултат на престојниот Гренд слем во Мелбурн.

Мар Едмонсон во 1976 година е последниот Австралиец кој успеал да ја освои титулата на домашниот Гренд слем. Бекер смета дека оваа лоша традиција наскоро ќе ја прекине Кирјос.

„Никогаш не бил во прашање неговиот талент, но секогаш проблематична била дисциплината. Полека сега се обидува да најде баланс. Би било одлично доколку оваа година го гледаме во полу-финалето. Полека напредува и тоа е добро. Јас сум голем нанвивач на Ник Кирјос“, рекол Бекер.

„Тој има интересен карактер, што често му преставува проблем кога е на теренот. Но тој го сака тенисот, доколку тоа не е така немаше да прави толку добри работи. Не е „карактеристичен“ Австралиец. Сепак би можел да стане меѓународна спортска ѕвезда, има мултиетничка основа, интересен стајлинг и уште поинтересен стил на игра“, заклучил Бекер.

Кирјос во првото коло на Гренд слемот во Мелбурн ќе игра против Бразилецот Дутра Силва.

Scroll to Top