Top Sport

Мајк Џејмс во Бруклин Нетс

Доскорешниот кошаркар на ЦСКА Москва, Мајк Џејмс, кариерата ќе ја продолжи во Бруклин Нетс. Џејмс, кој се поврзуваше со Њујорк Никс, ќе потпише договор до крајот на сезоната за минимална плата која според колективниот договор можат да ја добија ветераните.

Џејмс, од почетокот на сезоната предизвика неколку инциденти во ЦСКА. Два пати беше суспендиран од страна клубот, а по последниот инцидент, пред три недели, ЦСКА ја раскинаа соработката со него.

Бруклин Нетс ќе биде третиот клуб во НБА лигата, во кој ќе настапува Џејмс. Во минатото играч во Финикс и Њу Орлеанс.

Бруклин со Ирвинг-Дурент и Харден се најсериозните кандидати за титулата во НБА лигата.

Scroll to Top