Top Sport

Мурињо доби отказ

Жозе Мурињо, повеќе не е тренер на Тотенхем. До крајот на сезоната, Тотенхем, ќе го предводи Рајан Мејсон.

Мурињо, на клупата на Тотенхем, во декември 2019 година го замени Маурицио Покетино.

Во својот мандат Мурињо не успеа да освои ниту еден трофеј.

Тотенхем, во сабота, против Манчестер сити, ќе се бори за трофејот во Лига купот.

Жозе Мурињо во кариерата бил тренер на Порто, Челси, Реал Мадрид, Интер и Манчестер јунајтед. Два пати бил европски првак, со Порто и Интер.

Scroll to Top