Top Sport

Макаби гостува во Валенсија, 700 полицајци ќе се грижат за безбедноста

Натпреварот од 3. коло од Евролигата меѓу Валенсија и Макаби Тел Авив во „Ла Фонтета“ е оценет како натпревар од висок ризик.

Причина се воените настани во Израел, а за да се избегне потенцијален инцидент или терористички напад, голем број полицајци ќе ја обезбедуваат арената во Валенсија.

Според информациите на „Израел Хајом“, околу 700 полицајци ќе се грижат за безбедноста во арената и околу неа.

Макаби вечерва ќе настапи во црна опрема за да им оддаде почит на сите жртви во Израел.

Инаку наскоро се очекува Евролигата да му одобри на Макаби, натреварите како домаќин да ги игра на Кипар.

Scroll to Top