Американскиот кошаркар Окаро Вајт наскоро треба да ги засили редовите на најтрофејниот израелски тим Макаби од Тел Авиви. Американецот доаѓа на барање, на новиот тренер Јанис Сверопулос, кој го наследи Невен Спахија. Хрватот доби отказ бидејќи Макаби победи само на еден од седумте натпревари во Евролигата.
Доаѓањето на Вајт и не е некоја вест, но она што е интересно е дека ој ќе биде 13.от Американец во тимот.
Макаби во ростерот веќе има 12 Американци. Повеќето од нив имаат и пасоши на некои други европски држави. Дресот на „гордоста на Израел“ веќе го носат Скоти Вилбекин, Џереми Парго, Џони О’Брајант, Анџело Калојаро, Мајкл Рол, Алекс Тајс, Рамон Сешн, Џон Дибартолонио, Џејк Коен, Диандре Кејн и Тарик Блек.
Окаро Вајт има европски искуство, две години играл за Виртус Болоња и АЕК.