Макаби Тел Авив или како што го нарекувваат „Гордоста на Израел“, не успеа да се пласира во финалето на националниот Куп. Макаби доживеа пораз (80:90), од градскиот ривал Хапоел.
Поразот тешко го прифатија навивачите на Макаби, кои по завршувањето на натпреварот најпрвин се обидел физички да се пресметаат со играчите и тренерот Јанис Сверопулос. Окако тие со помош на обезбедувањето стигнале до соблекувалната, револтираните навивачите се обиделе да влезат во клупската соблекувална.
На крајот по неколку часа, со помош на обезбедувањето, играчите и тренерот успеале да заминат од арената.
Хапоел прв пат во историјата успеал да го победи Макаби во елиминациски натпревар. Од 1988 година до синоќа, Макаби победил во 23 натпревари.
Медиумите во Израел тврдат дека поради овој пораз без работа ќе остане тренерот Сверопулос.
Maccabi Tel Aviv fans tried to break into the team's locker room after the loss in Israel Cup against Hapoel Tel Aviv ?
Coach Ioannis Sfairopoulos was escorted by the security.
? @sport5il pic.twitter.com/HFSanoggFP
— BasketNews.com (@BasketNews_com) February 15, 2022