Top Sport

Макаби „извлече“ победа над Будуќност (видео)

Будуќност беше на чекор до првата гостинска победа во Евролигата оваа сезона, но на крајот загуби со 81:76 во 17. коло на гостувањето кај Макаби Тел Авив.

Скоти Вилбекин имаше 15 поени и 2 асистенции, додека Тарик Блек заврши 12 поени и седум скока, за домаќините да се вратат откако Будуќност (3-14) го контролираше мечот речиси половина час. На две минути пред крајот, Макаби дојде до +9 предност, која ја задржа за шеста победа оваа сезона.

Норис Кол беше најдобар за црногорскиот клуб со 25 поени, но тоа не беше доволно за победа.

ЦСКА Москва остана на третото место на табелата со лесна 80:65 победа над Дарушафака, во меч во кој најинтересното беше исклучувањето на Серхио Родригез во последната четвртина. Пред да биде исклучен тој имаше 11 поени и 6 асистенции, а Нандо де Коло со 17 поени повторно беше најдобриот за ЦСКА.

ЕВРОЛИГА, 17.КОЛО

Дарушафака – ЦСКА Москва 65:80 (16:25, 18:19, 15:16, 16:20)

Панатинаикос – Баерн Минхен 77:67 (22:11, 21:21, 16:18, 18:17)

Макаби Тел Авив – Будуќност 81:76 (12:18, 22:19, 25:23, 22:16)

Армани Милано – Барселона 85:90 (16:18, 21:19, 20:29, 28:25)

Scroll to Top