Макаби Тел Авив во иднина сите натпревари во Евролигата како домаќин ќе ги игра во Белград.
Одлуката ја донесе Управниот одбор на Евролигата на состанок во Истанбул, во соработка со Кошаркарската федерација на Израел и самиот клуб.
Во Израел не постојат услови за организација на спортски натпревари.
Како што е познато, причината е војната на Блискиот Исток, која продолжува и секојдневно одзема голем број жртви.
Од почетокот на војната во Израел и во Појасот Газа, загинале околу 3.500 луѓе, а повеќе од 11.000 се ранети.
Дом на кошаркарите на Макаби ќе биде салата „Александар Николиќ“.
Првиот меч „гордоста на Израел“ ќе го одигра во Белград на 9 ноември против Баерн Минхен.
Терминот за дуелот од 6. коло против Реал, кој требаше да се одигра на 2 ноември, а беше откажан, ќе биде одреден подоцна, одлучено е на состанокот на Евролигата во Истанбул.
Според израелските медиуми, Макаби Тел Авив ќе тренира во салата на Мега, а натпреварите ќе ги одигра во салата „Александар Николиќ“. Белград беше избран поради многу помалите финансиски трошоци за клубот од другите опции, а тоа беа Љубљана, Никозија и Берлин.