„Гордоста на Израел“ кошаркарскиот клуб Макаби од Тел Авив испратиле понуда до капитенот на српската репрезентација, Милош Теодосиќ. Макаби биле подготвени да му понудат три милиони евра за два сезони.
Макаби е уште еден од елитните европски клубови кој е се обиде да го обезбеди потписот на Теодосиќ. Интерес за играчот кој во февруари се врати од ЛА Клиперс во Европа и оттогаш има одиграно само два натпревари покажале ЦСКА Москва, Анадолу Ефес, Олимпијакос и Виртус Болоња.
Трансферот во Макаби го иницирал тренерот Јанис Сферопулос, кој добро ги знае квалитетите на српскиот плејмејкер. Сферопулос беше асистент тренер во Олимпијакос кога Теодосиќ играл за овој клуб.
Новиот клуб Теодосиќ треба да го одбере до почетокот на Светското првенство во Кина (31 август).