Кошаркарите на Макаби од Тел Авив го победија Хапоел со 103:90 во првиот натпревар 3. коло од Евролигата. Натпреварот се одигра во Софија, каде што Хапоел како домаќин ги игра натпреварите во Евролигата.
Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, се играше во серии, а потоа Макаби успеа на „крилата“ на Џефф Даутин Џуниор да направи клучна предност и рутински го до заврши натпреварот.
Ова беше прва победа на Макаби во сезоната, како и прв пораз на Хапоел.
Во редовите на „Гордоста на Израел“, се истакна Лони Вокер со 20 поени, два скока и четири асистенции и потоа Ошај Брисет со 19 поени и четири скока.
Џеф Даутин Џуниор и Џален Хорд постигнаа двоцифрен број поени по 13 поени, додека Роман Сокрин постигна 12, а Тамир Блат 11 поени со четири скока и седум асистенции.
Кај Хапоел се истакна Елајџа Брајант со 18 поени, а потоа следуваа Антонио Блејкни со 16, Ден Отуру со 15 и Василије Мициќ со 14 поени и четири асистенции.