Американецот со македонски пасош, Џордан Тиодор, наскоро би требало да потпише договор со екипата на Црвена звезда, откако белградскиот клуб ги започнал преоговорите со Армани Милано околку неговиот трансфер.
Тиодор (28), покрај за Милано, во кариерата има настапувано за Банвит, Анталија, Мерсин, Франкфурт и Бурж. Во 2017 година е прогласен за МВП во Лигата на шампионите на ФИБА.
Играчот со македонски пасош во Црвена звезда треба да го замени Тејлор Рочести кој најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Кина.
Доколку пристигне во Белград, Тиодор ќе биде седмото засилување за Црвена звезда. Претходно клубот потпиша договори со Били Берон, Мохамед Фаје, Мајкл Оџо, Стратос Перпероглу, Душан Ристиќ и Мајк Цирбес.