Македонската машка кошаркарска репрезентација забележа скок од една позиција на ранг листата на ФИБА. „Црвено-жолтите“ во моментов се 29-ти според рејтигот во Европа, и 52-ри во светски рамки со 197,4 поени на ранг-листата на ФИБА.
Од поранешна Југославија, најдобро котира Словенија која е четвртопласирана во светски рамки, па следува Србија на две позиции подолу.
Од земјите во регионот Грција e десеттопласирана, па Хрватска е на 21. место, Црна Гора на 25. место, додека Босна и Херцеговина е 45-та.
Бугарија (53. место), Косово (71. место) и Албанија (106. место) се зад нас на ранг листата.
Во првата светска десетка освен Словенија, Србија и Грција, САД се први, Шпанија втори, а Австралија трети. Во топ 10 има место уште и за Франција, Аргентина, Литванија и Италија.
Фото: КФСМ