Top Sport

Македонија ја „прегази“ Норвешка за квалификации за Евробаскет 2025

Македонската кошаркарска репрезентација на најдобар можен начин го потврди првото место во претквалификациите за Евробаскетот 2025, победувајќи ја Норвешка на гости со 79:41 (24:12, 21:14, 15:10, 19:5) во последното коло. Со ова Македонија ја реализираше втората „меч-топка“ по неочекуваниот пораз од Словачка во претпоследното коло.

Во можеби најдобрата партија во овој квалификациски циклус, Македонија направи огромна предност од 12 поени по првата четвртина предност која потоа растеше до крајот на мечот, не дозволувајќи никакви сомнежи во тоа кој е далеку поквалитетниот тим.

Ти Џеј Шортс со 22 поени беше најефикасен за македонската репрезентација, а Војдан Стојановски додаде 17 поени, додека кај домаќините, Харалд Фреј беше најдобар со само 10 поени.

Фото: ФИБА

Scroll to Top