Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе игра претквалификациски турнир за пласман на Олимписките игри во Париз во 2024 година.
32 европски репрезентации ќе играат на четири групи во Талин (Естонија), Гливице (Полска) и Истанбул (Турција).
Групите А и Б (првата фаза) ќе се играат во Естонија односно Полска (завршната во полскиот град), а групите Ц и Д во Турција.
Како осми носител, Македонија, противници на Македонија можат да бидат селекциите кои се во првата група на носители (Чешка или Полска), во четврттата (Израел или БиХ),односно петтата (Унгарија или Естонија).
Турнирите ќе се играат во периодот од 12. до 20. август, а само победниците ќе се стекнат со право да играат во олимписките квалификации за настап на Олимпијадата во Париз.