Top Sport

Македонија подобра од Косово на стартот на Европското првенство – Б Дивизија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години со победа (83:68) го отвори Европското првенство – Б Дивизија кое се одржува во Скопје. Избраничките на Јелена Антиќ го совладаа Косово покажувајќи дека се подобра селекција.

Косово ја доби првата четвртина со 20:16, но, сепак, Македонија беше многу посигурна во вториот период и на одмор замина со пет поени предност (34:29).

До крајот, Македонија ги контролираше играта и резултатот.

Матеа Николиќ мечот го заврши со 26 поени, Секуловска постигна 19 поени, а Селцова дополни 17 поени во успехот.

Македонија во вторник ќе игра против Хрватска.

Фото: Игор Паневски

 

Scroll to Top