Македонската кошаркарска репрезентација ги стартуваше претквалификациите за Европското првенство во 2021 година со победа на гостувањето кај Словачка со 66:74.
Селекцијата на Јорданчо Давитков доминираше во текот на целиот натпревар и водевме од почеток до крај, а клучната предност ја направивме во втората четвртина кога водевме со 21:8. Во финишот на натпреварот, Словачка намали на 55:59, но на крајот стигнавме до 74:66 победа на почетокот на претквалификациите за 2021 година.
Најефикасен беше натурализираниот Македонец, Ричард Хендрикс со 24 поени и 14 скока, додека Војдан Стојановски имаше 19 поени и 6 асистенции. Кај домаќините најдобар беше Седмак со 20 поени.
Добрата победа во Попрад треба да ја потврдиме во недела со победа над аутсајдерот Швајцарија во Скопје.